Front Matter - Part 01
Методија Андонов Ченто Фиданка Танаскова Методија Андонов Ченто Published by:
Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.
********** December 5, 2017
********** СОДРЖИНА МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО ...................................................4 ПРЕСУДА - Од името на народот..................................................5 ТЕЖОК ЖИВОТ НАДНИЧАРСКИ...............................................9 СКАНДАЛОТ ВО ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА...................21 ОТВОРЕНИОТ СУДИР МЕЃУ ЧЕНТО И ТЕМПО ...................36 ОВАА ОСТАВКА ЈА ПОДНЕСУВАМ .......................................48 АПСЕЊЕ, СУДЕЊЕ, ЗАТВОР И ПОТОА ..................................54 ЧЕНТО: НЕ СУМ ШПИОН, НЕ СУМ ПРЕДАВНИК НА СВОЈОТ НАРОД............................................................................63 ИСТОРИЈАТА НИКОМУ НЕ ПРОСТУВА ..............................108 КРАТЕНКИ...................................................................................110 МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО
*** Ова е труд што донесува непознати или помалку познати факти и сознанија не само за едно светло име Методија Андонов Ченот како наше наследство, туку и за еден период и за еден систем што се потпираше врз едноумието и едногласието.
Понудената аргументација и вистина во книгава, претставува драгоцено сведоштво за нас самите и несомнено го привлекува вниманието на читателот во земјава и сред емиграцијата.
Напишана читливо, занимливо, и уверливо, богато илустрирана, првата монографија за првиот претседател на македонската држава на Фиданка Танаскова има масовни читатели и предани приврзаници.
Д-р Блаже Ристовски
*** Вистината за Методија Андонов Ченто, човек кој секогаш за македонскиот народ бараше право на слобода и среќа, е вистина за Македонија и македонскиот народ. Овој труд е обид вистината за големиот Ченто да стане колективно историско благо за нашиот народ и да влезе, како трајна историска вредност, во национално-политичката свест на македонскиот народ.
Со еден збор, авторот ги коригира и “учените” што го почитувале принципот “кога не можам да ја кажам вистината, претпочитам да лажам”, и уште еднаш потврди дека “зборот секогаш треба да биде вистина, а вистината секогаш да се изразува преку ненавреден збор”.
Д-р Стојан Киселиновски
*** ПРЕСУДА - Од името на народот Методија Андонов Ченто (44) се лишува од слобода 11 години, со присилна работа и губење на политички и одделни граѓански права, освен родителските и тоа, пет години по издржувањето на казната... Окружен народен суд во Скопје. Претседател Панта Марина, членови Лазар Мојсов и Коле Чашуле, помошен јавен обвинител Благоја Поповски. Пресудата е според Законот за кривични дела против народот и државата, а по одржаниот главен и јавен усмен претрес на 19, 20 и 21 ноември.
Во Скопје, 23.11.1946 година Така му пресуди Народниот суд на првиот претседател на Република Македонија. Така му пресуди, а конечно, така заврши и се изврши за Методија Андонов Ченто. Неговата жалба, адресирана до Врховниот суд на Македонија и до Окружниот суд во Скопје, беше одбиена и новопонудените аргументи не излегоа на мегдан за да можат пред лицето на правдата и пред лицето на јавноста, евентуално, да повлијаат на строгата казна – 11 затворски години со присилна работа, кои станаа и останаа Чентова судбина, а само малку подоцна и негов дефинитивен крај.
Дали тоа беше праведно одмерен аршин за грешките и сторените дела? Можеби данок за непокажаното покајание на никогаш не понуедната молба за прошка?
Дали тоа беше данок кој мораше да се плати.
А кои се големите Чентови гревови, што му ја донесоа омразнатата и неславна титула на предавник, шпион, грешник, соработник со непријателите и со странските сили... Ред до ред, најтешки, опасни, обвинувачки квалификативи, кои во тоа време, па и во други времиња, доволно се уривачки, лесно и бргу, речиси одеднаш да го збришат и избришат човека од јавната, па дури и од историската сцена, засекогаш.
Дали историјата (не) се пишува додека се хероите живи? А, како ќе се пишува кога хероите заминуваат, тоа сигурно како и досега, а и во иднина, ќе покаже и докаже времето, чиј суд низ столетијата бил некаде со променлив успех, но главно бил суд, верен и непогрешлив. Треба ли и во оваа 1990 година не само да се прави обид, туку многу настојчиво да се трага по расветлувањето (па нека е и делумно) на оние често споменувани црни петна – бели петна, на оние неразјаснети периоди од нашето минато да се одгатнуваат мистериите за одделни личности итн.
Зашто, одвреме-навреме, за последниве години позасилено, случајот на - Методија Андонов Ченто ги бранува духовите, бидејќи и наметнувајќи многу дилеми и прашања, отворајќи непознати простори, нудејќи непознати факти и трагајќи по нови одговори!
Но, како да се пишува и опише, како да се допре всушност, до вистината – Ченто? И кој беше Ченто? Каков беше неговиот животен пат? Кои му беа идеалите, за што се залагаше? Дали е невина жртва, или го доби тоа што му следуваше?
Тешко и неизвесно беше повеќемесечното наше барање изворни документи, молби за контакти и средби со љубезните, колебливите, нељубезните и воздржаните соговорници. Потоа, дилемата – како да се прекине молењето на дел од значајните сведоци. Како да се одговори на заканите и “добронамерните одвраќања” од вакви “жешки теми”? Конечно, малку нешто можеше да биде посилно од желбата да се трага чесно, за да се дојде, да се допре до вистината, толку-колку што е можно, толку-колку што дозволуваа условите и околностите. Тој предизвик, беше навистина голем.
Најпрво, за ѕидот на молчењето и сомничавото вртење на главата, затворањето телефони и избегнувањето на натамошни контакти, само при споменувањето на името Ченто. Така и се случуваше, претходниот договор веќе утредента да не важи, бидејќи дел од идните соговорници се премислуваа преку ноќ и сметаа дека сепак, најдобро е тие да останат подалеку од оваа тема, со шепнување и кусо возвраќање оти нивните кажувања и записи ќе се отворат, но, само по нивната смрт или по смртта на одделни врвни личности од тој период?
И, кога кај некои луѓе се успеа да се појде, па макар и само на консултативна средба, тогаш авторот на овие редови не ретко беше дочекуван со сомничавост и со првата и најважна резерва (или одлука) – тие не сакаа да зборуваат.
И ова не е се:
Упорноста и желбата да се допре до архивите, да се отворат досиејата, да се проверат одделни факти, останаа, сепак, повеќе желба отколку стварност, зашто и тука се немаше којзнае каква среќа. Имено, во писмото испратено до ЦК СКМ, баравме да ни се овозможи да ги добиеме на увид документите од партиското политбиро, поточно од состаноците во почетните дни и месеци на 1946 година кога, не само што е период на најжестоки критики на Ченто, туку е време кое, практично, е и пресудно за оставката што набргу потоа ќе следува – заминување од функцијата претседател на Президиумот.
Писмото од ЦК СКМ, навистина бргу пристигна, меѓутоа, со разочарувачки одговор, зашто во тамошните архиви воопшто не постојат записници или друга “употреблива” за нас документација од тој период. Оттаму, беше и логично прашањето: каде се тие? Кој имал пристап и дозвола да ги земе и да ги однесе? Кому не му одговарало да останат сведоштво за генерациите? Дали завршиле (најверојатно и најголем дел) во приватни, лични депоа или, пак, намерно им е избришана секоја трага поради (не)познати причини? Дотолку повеќе што ги нема, барем не, поцелосно ниту во Архивот на Македонија како што повеќемина не упатија, а и ние со нив малку наивно верувавме оти е така.
Писмо со лична содржина, поточно со барање да ни се стават на увид дел од досиејата на Методија Андонов Ченто, упативме и до РСВР. Меѓутоа, и тука ни беа променливи и среќата и надежта.
При затворени врати и доста испразнети архиви, барем со она најважното, најнужното, при одбивање и сомничави приеми кај одделни живи и значајни сведоци, кои можат и треба да говорат и да проговорат, остануваше да се потпреме на подадената рака за соработка, разговор и ставање на увид како на расположливите материјали, така и на сеќавањата и желбите за помош кај сведоци – директни и индиректни учесници, блиски и далечни луѓе, оние кои изразија готовност и волја да проговорат и да помогнат во настојувањето да се обелодени вистината за случајот Ченто. Случај, кој цели 44 години останува да биде, за еден голем дел, да не речеме огромен број луѓе табу-тема, под чиј превез се крие многу нешто некажано или недоискажано, нејасно, таинствено, рашомонски... До тврдењето и сомневањата, што не следеа речиси постојано, дека тоа е монтиран процес, со изманипулирани актери и сведоци, од тогаш некаква раздвижена машинерија итн. итн.
Но, како може да се премолчат пораките и прашањата што ги содржат паролите и плакатите кои осамнаа на ѕидови во Скопје, Охрид, Прилеп: “Ченто живее”, “Кој го уби Ченто”, “Вистината за Ченто”, “Прозборете за Ченто”. Потоа, плакатите што продефилираа на митинзите на младите и на еколозите:
Барањето од страна на македонски организации од Торонто, од Перт и од Сиднеј, барања чуени и од трибините на новооснованата МААК и Лигата за демократија за враќање и сместување на Ченто во оние историски рамки во кои и беше оваа личност. И најсилно, и најмасовно од сите, остана она ехо
– Ченто, Ченто! што прозвучи од илјадници грла на скопскиот собир на солидарност со Македонците во Бугарија, кога и неколку слики на првиот претседател на Република Македонија беа наредени крај оние другите, високо издигнати револуционери и заслужни македонски дејци.
Отворањето на досието на Методија Андонов Ченто, но, од оваа временска дистанца, навистина нуди една повидоизменета, подолга животна сторија, проследена низ годините на неговата младост и зрелост, како работник дуќанџија, граѓански напреден активист, видна личност на прилепската чаршија.
Потоа, сторија за излегувањето во партизани, членувањето во Главниот штаб на НОВМ, за доаѓањето на тронот – прв претседател на Основачкото собрание на Президумот на АСНОМ, прв претседател на македонската Република – па се до разногласијата, несогласувањата и поинаквото видување, до неговите поинакви ставови за одделни потези и решенија на раководните органи и личности во тоа време и се до падот и заминувањето од политичкиот живот, апсењето, судењето, затворот и смртта.
Овој широк и знаен, но по многу нешто непознат мозаик, чие заокружување (како што споменавме) бараше доста време, трагање и стрпливост, да се надеваме дека, сепак, ќе даде една поцелосна слика и ќе проговори (по)автентично за табу-темата наречена Ченто. Со отворени страници за сите оние кои би понудиле ново, неистражено, а значајно за оваа личност.
ТЕЖОК ЖИВОТ НАДНИЧАРСКИ Години минати во битката за леб и преживување на младиот Методија Прекарот Ченто од лапсусот-напред чето!
Големи игри и надмудрувања во изборните трки на тогашната власт. На листата е и Андонов со голема поддршка од напредните младинци и своите сограѓани Кој е Методија Андонов Ченто?
Сепак најдобро е да се тргне од почетокот:
Методија Андонов Ченто е роден на 17 Август 1902 година , во Прилеп, во сиромашно семејство и во средина, во која мајка му Захарија (од Прилеп) и татко му Андон (од селото Лениште) се доселиле во градот под Марковите Кули, само неколку месеци пред да му се израдуваат на своето прво родено машко дете.
Зашто, ниту едно од трите девојчиња пред него не преживеало.
Болестите, сиромаштијата и општите животни услови го земале својот суров данок.
Без покрив, без земја, без пари, фамилијата Андонови, надницарела на афионските и на тутунските Прилепски полиња, заработувајќи толку колку да може одвај да живее.
Судбината е иста и за Методија којшто, од првите дни на детството и на младоста ја почивсвувал на сопсвената кожа борбата за опстанок и повеќе пати поради неисхранетост бил на работ меѓу животот и смртта. Многу рано морал да печали и да придонесува во семејното ќесе, главно со аргатување и чиракување, снаоѓајќи се на сите можни начини во тоа време.
Но и покрај сета суровост на животот околу него, тој имал силна желба да учи, колку што, се разбира, му дозволувале условите. Така дошол до четворто одделение и кога била прекината наставата поради почетокот на Првата балканска војна и Српската “капа” над Македонија, учењето на туѓ јазик и се друго одново му паѓале тешко, но не го поколевале, туку напротив, на тој, по извесни прекини, и учи, и работи по бавчите и дуќаните, по железничките пруги, тунели и на изградба на патишта.
Во 15-тата година, неговото работно место е од рано наутро па се до доцните претполноќни саати. Преголемо и пресилно оптоварување за слабиот и недохранет млад организам.
Меѓутоа, маките и проблемите го следеле како проклетство. По тешката таткова болест, Методија рано станува главата на Анднови. На 17-годишна возраст веке е принуден да почука на вратата на темните, правливи хали на Прилепсиот монопол.
Работодавците го дочекуваат сомничаво. Вртат со главата и не сакаат да примаат едно од кожа и коски момче, кое и натаму упорно, со судни маки докажува дека е веќе возрасен и со многу тешка материална положба, па некако, сепак, успева да влезе низ вратите на монополот.
Тешките времиња, живот неизвесен, евтино надницарење во правливите сали на Прилепскиот монорол и по многуте тутунски полина - е разочарувачко, но, ете неминовно секојдневие на младиот Методија Андонов, кому борбата за опстанокот му се наметнува како неминовна преокупација и таа станува негова судбина. Меѓутоа тој се ќе поднесе стоички, исчекувајќи подобри времиња и правејќи планови за една поинаква своја иднина.
Отворењето на стручното Трговско училиште во градот одвај го дочекува, се запишува со голема волја и го завршува во рокот, со одличен успех. Околу 1921 година е основано и првото гимнастичко друштво во Прилеп каде што набргу станува еден од неговите најдобри членови, толку добар што честопати лично самиот ги водел редовите вежби на четата. Еден ден, при командувањето наместо да извика “напред чето” тој направи лапсус, па нареди “лнапре ченто”. Другарите прснале во смеа, шегата ја престориле во вистина и од тогаш така почнала да го викаат постјано својот приател. Во почетокот многу им се лутел на овие прилепски врсници и младешки играрии, но кога мајтапчиите го разнеле прекарот низ чаршијата веќе се било готово. Ченто се помирил и прекарот му останал за секогаш.
Во ова меѓувреме почнува со работа и Гимназијата. Методија е повикан од својот учител, кој, како на одличен ученик, му предлага државна стипендија и можност да го продолжи школувањето во Белград или во Загреб. Но, како да замине од Прилеп? Може ли да се остават на милост и немилост најблиските, домашните. Многу тешката фамилијарна состојба и низа други причини биле на крајот пресудни за конечното – не, и тој останува во Прилеп. Кога е затворен и монополот, Андонов одново се враќа по заработката во чаршијата и во тамошните крчми и дуќани.
Што утре, како натаму – биле постојаните дилеми на Методија особено во оние чирачкокалфински предолги деноноќија во прилепската чаршија. Не можејќи повеќе да го издржи тоа темпо во трката за гол живот, цврсто се амбицира, ја минува тогашната процедура и во 1926 година го добил првото уверение од властите за лично крчмарско право, со што почнуваат неговите мошне успешни дуќанциски години и децении. Тој есента ја отвора својата прва, вистина скромна бакалница, но тоа е почетокот на сите оние времиња натаму, кога станува еден од видните личности на прилепската чаршија, а дуќанот едно од значајните места на средби и договори, на минување и на состаноци на најнапредни, прогресивно ориентирани сили и на интелигенцијата од градот под Марковите Кули. Секако значајно место, бидејќи тука, во тој дел, речиси пулсирало срцето на еден вистински богат, интересен, несекојдневен градски живот, каде што се одигрувале многу добри и неубави случки и настани.
Инаку, уште од трговско-училишните дни тој почнува да чита социјалистичка литература, за правото на работниците, па ќе рече: “Како гимнастичари, како членови на мандолинскиот оркестар не воспитуваа да го сакаме кралот и да прифатиме дека сме јужносрбијанци. Меѓутоа, очекувањата и резултатите на властите им беа обратни. Зашто, колку повеќе мислеа оти не убедуваат во тоа, двојно повеќе во нас буеше и себесознавањето и револот оти не сме тоа што други ни наметнуваат и посакуваат. Членувањето во соколското друштво го прифативме за да можеме почесто да се среќавме, да ги проверуваме идеите меѓу нас, да разговараме и да се договараме, без да страхуваме оти ќе паднеме во очи на полицијата која забрануваше собири посебно во вечерните часови…” Во оние интересни па и незаобиколни настани од неговиот живот ќе ја споменеме и брачно-венчалната рашомонијада, чиј расплет траел дури шест години. Имено, по свршувачката во 1929 година, со стројната мома Василка Поп Атонасоа, попска внука, му било префрлено дека, кога веќе влегува во таква фамилија не би требало да се занимава со политика и тоа со погрешна, марксистичка, која нема добри мисли за црквата. И згора на се, проповедот на некојси свештеник Грдановиќ кој бил најгласен во предупредувањето дека не чини тоа што е здружен со противници на кралот и на држувата, зачинето на крајот со најсериозната закана дека мора да му е јасно оти црквата може да не му даде согласност за венчавка.
Останувајќи непомирлив со лицемерството и на свештеникот Грдановиќ, но и на други црковни лица кои, според него, проповедале еднаквост, а најмалку правеле неа да ја има, на таквата уцена за покорност, одговорил дека во бракот може да стапи и без помош на црквата и пркосно решил сепак да биде по негово: заминува во Нови Сад, се пријавува за привремен жител и таму 1930 година склучува граѓански брак со Василка Поп Атанасова, што била невидена “дрскост” и шок не толку за попското семејство, колку за некои други во градот. Само, новопечениот младоженец и не претпоставил уште колку судски и канонски пречки и други прагови ќе го чекаат за да стекне полноважен, озаконет брачен статус. Ова невесело поглавје на стартот од новата животна заедница е окончано дури во 1936 година, и тоа со одлука на Касациониот суд во Белград.
Во тоа време фамилијата Андонови е зголемена за два сина, а Ченто доста напреднато и веќе со стекнато солидно име и реноме работи во чаршијата. Се дружи со прогресивни младинци од градот, а неговиот дуќан е место каде што се собираат напредните студенти кои имале и носеле слободољубиви и прогресивни идеи. За тоа подоцна Методија Андонов ќе рече: “Најмногу се восхитував кога дискутиравме за минатото и за новото, за подобрата и посреќна иднина, наша македонска, која мора да се избори и оствари. За великаните од овој крај Ѓорче Петров и Пере Тошев, за другите видни македонски имиња од револуционерното минато. Тоа многу ме исполнуваше и ми даваше чудесен елан и волја…” Некаде пред крајот на 1934 година прилепските студенти ги пренесуваат директивите од Белград кои носеа порака, Комунистичката партија да се бори и да настапува против власта, преку легалните напредни опозициони партии. Се настојуваше да се формира нов македонски фронт наречен Македонски национален покрет или МАНАПО, чија платформа ќе е автономија на Македонија и нејзина самостојност во заедничка федеративна Југославија.
Младите стануваат се поактивни, носители се и креатори на новото и прогресивното и почнуваат да испишуваат нови страници на прилепскиот живот и македонската вистина.
Почнуваат да се испишуваат и растураат и летци. Летци донеле и студентите од Белград со потписот на Драгољуб Јовановиќ, за кого и Ченто верувал дека искрено ја поддржува борбата за македонската самобитност, а против Љуба Давидовиќ кој не сакал ни да чуе за Македонија и за Македонците. За учество во акцијата и за пренесувањето и растурањето на летците Ченто е поткажан и набргу потоа затворен.
Ова предупредување и закана на властите уште повеќе го предизвикуваат, па продолжува многу поупорно да се активира во политичкиот живот во градот. Во 1935 година, со помош на своите сомисленици и напредни граѓански претставници, е кандидиран на изборите на Здружената опозиција на Мачек, кој е за федеративно уредување на Југославија. Меѓутоа, со фалсификат и со нечесни игри, битката на изборите е загубена.
Една година подоцна, врз основа на пријавата од началникот на околијата, за наводно организирање на политички собир без претходна пријава и дозвола од полицијата, Ченто е осуден на казна затвор и глоба од 4.000 динари. Не помогнала ниту жалбата до банската управа во Скопје, која не го погазила првостепеното решение на “ревносниот” началник, па во август Ченто мора да ја одлежи казната и да ги плати парите.
Навистина, Управниот суд во Скопје ја поништил банската пресуда, но кога веќе било доцна, дури на самиот крај на 31.12.1938. Мала сатисфакција, особено што правдата стасала по цели две години влечење на тој процес.
Инаку, во текот на оваа година Ченто е се поактивен во политичкиот живот и ценет човек на чаршијата. За него своевиден предизвик се и изборите за Народната скупштина каде го чекала неизвесна битка. Тој во родниот град, пред се, морал да ја добие поддршката за пратеник на Здружената опозиција, што едновремено значело и потпора, во инаку силната трка на партискиот мегдан. Ченто го форсираат и студентите со кои одлично соработувал, со членовите на КП, чин имиња и презимиња и тогаш, а во наредните години уште повеќе ќе бидат познати и ценети, како активисти и борци во Македонија и подалеку: Кузман Јосифовски, Мирче Ацев, Борка Талески, Јоска Јорданоски, Љубен Лапе, Димче Мире…
Следала друга изборна трка кога влегува на листата на Земјоделската партија, која е член на Здружената опозиција.
Многу жестокои отворено е водена битка околу тоа – дали водачите на српската Земјоделска партија на чело со Јоца Јовановиќ ќе се борат за националните права на Македонците, зашто отпорите од почетокот биле огромни. Но, упорните прилепчани не мирувале и не денгубеле во исчекување на нечија милост и добра волја, па затоа и директно контактирале со лидерот Влатко Мачек кој ги поддржувал националните права кои би ги добиле Македонците во федеративно уредената држава. Јовановиќ и Земјоделската партија подоцна исто така дел од тие права и барања прифатиле, но со услов да не бидат истакнувани пред, туку по победата.
Наближувањето на изборната трка претпоставувало доста договарања, работа, добро организирање и повеќе патување.
Ченто бил двојно ангажиран и како меанција со тоа што неговиот дуќан бил собирно место на членовите на партијата, а и како човек кој работел директно на теренот. И не случајно на изборите, речиси главна била паролата Ченто – Мачек, што во конечна сметка подразбирало очекување на уверлива победа на оваа партија и нејзиниот кандидат.
На денот на изборите просторот околу дуќанот на Ченто бил претесен да ја прими масата народ која надоаѓала од сите страни кон центарот на градот. Покрај многубројното граѓанство биле присутни и неговите другари од соколското, од велосипедското друштво, планинарите, фудбалерите на Хајдук итн.
Штотуку формираната колона со високо кренати транспаренти на кои впечатливо биле испишани паролите за демократија и за народни права и слободи, тргнале кон гласачките места, минувајќи низ центарот на Прилеп, и натаму, по битолското џаде пристигнале кај месноста Ѓогдере, каде што се нашле очи во очи со полицискиот и воениот кордон. Поворката се претворила во демонстрации. Учесниците извикувале пароли “за демократија”, “Долу владата”, но веќе биле немоќни пред бајонетите и разбеснетите жандарми па на крајот морале да се разотидат.
Исчекувањето на резултатите од изборниот дуел и носел и не носел сомневање. Пребројувањето на гласовите набргу му донело возбуда на Ченто, кој со другарите веќе бил убеден во победата, затоа што се покажало оти од 3.815 тој добил 2.113 гласа. Меѓутоа, ЈР3 партијата, која добила мнозинство, го искористила законското право да одземе од опозицијата 40 отсто од изгубените пратенички места, меѓу кои потпаднал и Ченто. Веројатно затоа што идната владеачка партија ЈР3 не сакала и се плашела во Собранието да има такви противници.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/metodija-andonov-chento-e-book-macedonian/1 on October 29, 2026