Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Macedonia Above All

Front Matter - Part 03

By Стојан Георгиев Томовичин · Part 3 of 8 · About 21 minutes

Read in English

– не сум го сретнал. Ми рече уште дека пред да почнеме дискусија за книгата треба да знам оти за еден месец тој ќе бил отсутен од градот Петрич, и дека за тоа време јас треба да се среќавам со другарот Шопов.

Точно во тој момент, не знам од каде, ми дојде храброст и јас му реков:

- Еве ви ја книгата и јас од сега и од сега натаму јас нема да се среќавам ниту со вас ниту со другарот Шопов, ниту со кој и да е од Државната безбедност!

“Другарите” ме погледнаа втренчено, почнаа да си ги тријат очите, да не често сонуваат сон. Изгледаше дека не можат да примат како сериозни моите зборови:

- Не си играј мајтап! – рече Иванов.

- Никогаш мајтап не си играм.

- Ама ти сериозно ли зборуваш?

- Да, сериозно! – реков отсечно.

- А на кому си му кажал дека се среќаваш со нас? Кој те натера да се одкажеш?

- Никој! Тоа е мое решение и тоа конечно!

- Ама ти со сите ли си? – Ме праша Иванов. – Дали си даваш сметна за тоа што правиш? Знаеш ли што ќе стане сега со тебе? В затвор ќе те втераме!

- Ако сакате отерајте ме во космосот. Јас не можам да исполнувам такваа функција каква што вие барате од мене. Јас не сум роден за тоа.

При овие зборови двајцата почнаа да размавуваат заканувачки со тупаниците. А јас најспокојно ин меков да си седат мирно зашто нема да имаат полза од насилство. Ако немам желба да направам нешто, никој и за ништо на светот не е во состојба да ме натера да го направам тоа.

- Марш оттука, никаквец! – се развика Иванов.

Јас станав, ја отворив спокојно вратата без збор да прозборам и си заминав дома.

Така заврши мојата лошо обмислена согласност да контактирам со органите на Државната безбедност. Во почетокот си мислев дека штом имам врска со нив ќе бидам по полезен за делото. Ќе можам да дознавам некои работи за вистинските Македонци и ќе имам можност да го предупредувам кога ќе ги загрозува опасност, но за овие два месеца и половина после доста бессони ноќи, дојдов до сознание, односно до заклучок, дека, да си Македонец, борец за правата на своите браќа Македонци, а истовремено да соработуваш со Државната безбедност, е исклучително сложена и одговорна работа, за која чувствував дека не сум дораснат. Така внатрешно се успокоив. Почнав да спијам нормално, без страв, иако агентите ме следеа непрекинато. Ме следеа дури и кога навечер одев на средба со моето девојче. Но тоа се поднесуваше полесно од колку да се чувствувам обврзан кон душманите на Македонскиот народ. Со еден збор, бев задоволен од тоа што сум, односно дека силно ја сакам Македонија и Македонскиот народ. Задоволен дека не се лизнав по трамболината на предавството и што успеав да го зачувам, чисто и не извалкано моето име за цел живот! А за да го постигнам сето тоа, мене ме очекуваа многу лишувања и страдања, кои ќе ги опишам во наредните делови од мојата скромна но вистинита автобиографија.

НА ГРЕБЕНОТ ОД БРАНОВИТЕ За време на месецот Мај 1957 година го завршив XI клас со добар успех (4), и покрај тоа што не се однесував сериозно кон учењето. Мене повеќе ме интересираше Македонија отколку учењето.

Мизерно живеевме во тие бедни години. Моите родители немаа можност да ми купат убав штоф за да сошијам костум за матурската вечер, но тоа за мене не беше најважно. Никогаш не сум паѓал во хистериа ако моите родители не сакаа или не беа во можност да ми го купат она кое мене ме се допаѓаше. Брат ме, на пример, кога имаше околу десет – дванаесет године ако му се допаднеа некакви обувки и не сакаат да му ги купат, легнуваше веднаш на грб, на среде улица и почнуваше да чука со петиците по замјата, не престанувајќи со плачење се додека не му ги купеа бараните од него обунки. Подоцна и тој си го измени карактерот, но кај мене никогаш не се случило такво нешто. Јас добро знаев дека родителите не беа бедни и одвај врзуваа крај со крај за да ги исхранат петте деца.

Татко ми долги године беше служител во училиштето “Кочо Мавродиев” во Петрич од каде што ја доби и скромната пензија, а мајка ми работеше земјоделие и аргатуваше кај поимотните луѓе во Петрич. Јас сум третото дете на моите родители. Имам две сестри поголеми од мене, брат три години по мал од мене и уште една сестричка најмалечка, родена шест години по него.

Живеевме бедно но како сложно семејство. Одгледувавме десет декари тутун за да ги врзиме двата краја. А пустиот тутун се одгледува многу тешко. Додека брат ме наврши дванаесет години, јас редовно одев на копање, садење и берење тутун. Имавме една нива од три декари која се наоѓаше на шест километри далеку од Петрич, близу до с. Митино. Кога беревме тутун од таа нива, ми се плачеше зашто по три пати до пладне одев и се враќав со магарето товарено со собран тутун.

Бев целосен одликаш во тие години. Од горе до долу со свидетелството не се гледаше друга оценка освен одличен (6).

Постојано, секое лето ме предлагаа од училишното раководство бесплатно да одам во логор, за одмор, но јас не можев ниту еднаш да ја исползувам таа заслужена награда. Немаше кој да го пренесува тутунот. Кога брат ми наврши 12 години, јас почнав да правам за време на летниот распуст, тули во “Промбkомбинат” – Петрич за да можам да си купам нови чевли, кошула и панталони.

Бедни беа тие години, се до 1957 година.

За време на тоа истото лето 1957 година, еднаш кога се враќав од туларницата, на улицата ме запре еден мој сосед, но не знаев никакви подробности за неговиот живот, бидејќи не се интересирав за тоа. Тој Бебо Кика, како што го викавме во маалото, ме замоли да поразговараме насамо, истиот ден во 20 часот вечерта. Ја примив поканата и како што се договоривме, се сретнавме во ресторанот “Беласица” каде што тој работаше како управител на претпријатието. Ми рече дека од мене не се плаши и дека знае оти сум малтретиран поради Македонското прашање. Од мене бараше да организирам голема група луѓе кои ке се борат за обединувањето на трите дела на Македонија – Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот дел.

- Штом е за Македонија, готов сум за се! Реков уверена јас.

Се договоривме како да пронаоѓаме членови за организацијата, какви да бидат тие, какви пристапници да правиме со новопримените членови, кој требаше да бидат напишани во два примероци, од кој едниот да му го предавам нему, а другиот да го чувам кај мене, во досието на нашата организација.

Пристапниците ја имаа скоро следната содржина:

“Денес на 21.07.1957 година се собравме по претходен договор, јас Стамат Алексов Мешков и Стојан Николов Георгиев, за да го разгледаме моето примање за член на Македонската организација која се бори за обединување на трите дела од Македонија.

Се заколнувам дека ќе работам чесно и предано за Македонскиот народ и ако со нешто му наштетам на доброто име на Организацијата и нејзините членови, молам да бидам најстрого казнет.” На тој начин во текот на три месеци јас зачленив околу 70 членови во Организацијата за некои од кои пристапница не бев составил.

Од квартот “Виздол” во нашиот град имав еден многу сериозен истомисленик. Се викаше Вангел Урдов. Небеше многу писмен но на Македонија и требаа сериозни и верни момчиња. Со него добро се бевме запознале уште во туларницата. По взаемен договор, тој почна да собира членови во неговиот кварт. Беше ги привлекол како такви: Иван Караманџулов, Бисто и други чии имињата јас не сакав да ги знам.

Вангел многу настојуваше да ме запознае со едно момче родено во с. Вишлене по име Борис Попов. Тој имал средно образување и сакал да разговора со организаторот, т.е. со мене. Без многу да размислувам, го примив предлогот на Вангел една вечер, на 20 Август, се сретивме во ресторанот “Парток” и Вангел ме запозна со “многу доброто” момче. Разменивме неколку општи приказни, после што му предложив на Вангел да не остави сами, за да го завршиме бараниот од Попов, разговор. Вангел се збогува со нас со желба пријатен разговор.

Ние двајцата задовме да дискутираме за Македонија. Попов рече дека бил истеран од работа за ради тоа што се чуствувал како Македонец. Ме праша како би можел да се почуствува како член на нашата организација.

- Треба прво тука во твоето срце да се почуствуваш како Македонец, па после како член на нашата организација.

- Јас оддамна се чувствувам таков, но немам со кого да работам за делото – рече тој.

- Штом се чувствуваш како Македонец, ќе ти се даде можност да се пријавиш како чесен борец за Македонските правдини.

- Заложувам се за Македонија! рече попов.

Сигурно тон со кој го изразуваше сето тоа не остави никаков сомнеш кај мене, дека зборува искрена и дека е готов, како мене, на се, во името на Македонија.

Со желба за добра ноќ јас му закажав средба за следната вечер во истото време и место. Кога другате вечер отидов во “Паркот” тој веќе ме чекаше таму. Си помислив – сериозно момче. Му предложив да поидеме дома. По патот разговараме за општи работи од животот. Го прашав, од каде е и што работи. Рече дека е роден во с. Вишлене и дека работи во “Шумско стопанство” во гр.

Петрич, како општ работник.

Кога човек многу му верува некому, најпосле познава дека останал излажен во очекувањата. Така и јас, многу му верував на Вангел. Навистина тој и до ден денешен си остана предан на делото за Македонија, но не требаше да поверувам не неговите зборови дека многу добро го познава тоа селско момче – Борис Попов.

Веќе толку години се прекорувам за таквиот мој не одговорен однос при моето запознавање на тој подлец, не селско момче, како што го викаше Вангел, а селско говедо, како што се покажа најпосле, за тоа што не проверив што работи, кој му се пријателите и.т.н. па дури тогаш да го пуштам близу до мене.

Скоро секоја вечер почнав да го примам дома, откако и тој самиот ја потпиша пристапницата за член на нашата организација.

Му дадов возможност да се увери дека организацијата не е голема.

Прочита наколку пристапници од други членови и многу се радуваше дека не сме сами во борбата, дека има и други како нас запалени срца. Ветуваше дека ќе создава малечки организации во сите села на Огражден и.т.н.

Полетот на моите осумнаесет години ме заслепуваше и не ми допушташе да ги протолкувам некои зборови речени од него како “запалени срца”, “не сме сами во борбата” и др. Не можев да ја сфатам разликата меѓу реченото од него “запалени срца” и “чесни срца” какви што и се потребни на мајка Македонија.

Потоа, после триесет и шест дена по моето приведување на 5 Октомври 1957 година во Сабота на началникот на изтражното одделење при МВР – Благоевгад, мене ми беше дадена полна можност да се уверам дека тоа момче немало чесно срце, дека бил издајник на нас и на Македонкиот народ во целост. Но за тоа, кога ќе му дојде редот.

Ги пишувам овие работи овде, во Скопје, главниот град на Социалистичка Република Македонија, денес, Сабота 26 Мај 1990 година. Триесет и три години ме одделуваат од тие убави млади години, кога се беше прекрасно, и покрај сиромаштијата. Се радував што работам за делото на Македонија, се радував дека бев продолжувач на делото на Гоце Делчев. Наоѓав дека има смисла да се живее. Си велев: “За неа, за мајка Македонија заслужува човек да живее, да страда и да умре”!

Така беше тогаш. Не верувам дека и сега нешто да се има изменето кај мене во однос на мајка Македонија. Но да се вратиме далеку во минатото, на оној 5 Октомври 1957 година.

Предходниот ден, директорот на “Промкомбинат” – Петрич, Борис Панчев, беше ми дал плик со писмо и торбичка со три – четири килограми костени со зборовите:

- Ќе ги однесеш на другарот Пене Алексиев, потпрседател на градскиот совет во град Сандански. Ќе му пренесеш многу поздрави од мене и ќе му кажеш дека треба да создадеме бојаџиски погон на територијата на град сандански.

Веќе дваесетина денови по завршувањето на сезоната за тули, јас работев во погонот за бојадисување не преѓу во “Промкомбинат” – град Петрич. Ни на крај памет не ми паѓаше дека во игрите на Државната безбедност може да биде вовлечен и директорот на комбинатот. Сето било уредено како што треба, но од каде човек да знае?

Така на 5 Октомври 1957 година во 7,30 часот утрото, јас се качив на автобусот за град Сандански. По четириесет минути запре на тогашниот градски плоштад пред ресторанот “Република”. Слегов од него со пликот и торбичката со костени во рацете и се упатив кон застанатите на 5-6 метри од мене двајца мажи, кој гледаа расеано во патниците што слегуваа.

- Можам ли да ве прашам нешто? – реков јас штом стигнав на два – три чекори од нив.

- Може, се разбира! Повелете! Со што можеме да ви помогнеме? – Запраша едниот од нив.

- Каде да го најдам Пене Алексиев, потпретседател на градскиот совет.

- Не го познавате? – Ме праша наивно другиот. – Тој пред две минути помина оттука надолу. Ве молам, елате ќе го најдеме!

Тргнавме тројцата по единствената и до ден денешен опремена улица во градот, на која се наоѓаа скоро сите трговски магазини.

Почнаа да ме прашуваат од каде сум, дали сум доаѓал друг пат во Сандански и друго, додека не стигнавме до едно место на две минути растојание од автобуската станција.

- Еве, тука е другарот Пене Алексиев – рече едниот покажувајќи со раката кон влезот над кој беше поставена убаво напишана табличка “Реонска управа на МВР - град Сандански”.

Уште кога го погледнав натписот студена пот ми го облеа грбот и покрај топлото бреме. Ете кој биле “љубезните” граѓани од градот Сандански. Гледам во табличката и се мислам што да преземам додека најпосле едниот од агентите не ме поведе по скалите на тесниот влез на управата.

Тука веќе ме чекаше “мојот” стар познаник, началникот на истражното одделение при МВР - Благоевград, сега веке капетан.

Никола Митев. За ради добро служење, заради откривањето за такви како мене, “родопредавници”, народната власт ги унапредуваше пред рокот во повисоки чинови, со јасна пресметка, уште пожешкото, понастрвено и со поголем ентузијазум да ги откриваат “непријателите” на Бугарскиот народ. Ние го почитувавме, но се почитувавме и себеси како Македонци, затоа и ситуацијата беше многу сложена во оние мрачни за Македонскиот народ. Ние се чуствувавме како дел од слободниот Македонски народ кој живееше во рамките на Народна Република Македонија.

Се воодушевувавме од песните и маршевите кои звучеа во етерот на Радио – Скопје. Тогаш се уште немаше телевизија.

Кога влеговме во кабинетот, капетанот ми рече:

- О, здраво стар познанику. Што те доведе овде?

- Не знам – реков јас. Ме доведоа вашите луѓе, нека тие одговорат.

- Грешиш “мили” пријателу, не тие, туку ти треба да кажеш, за што си тука!

Само една длабока воздишка се откина од моите гради и ништо друго. Стоев како замаен, загледан тамо во отворениот прозорец, како претепан, скротен лав, заклучен во неговиот железен кафез, без трошка надеш дека ќе ја види пак слободата на преријата, од која го беа оттргнале за секогаш. Молчев и размислував за тоа што се случи, без и најмалку да се обвинувам за положбата во која се најдов.

Навистина, не очекував дека така итро ќе ме подлажат да дојдам во град Сандански и тука без никои да види, да ме затворат. Но “другарите” веќе имаат тринаесет годишен стаж во откривањето и онеспособувањето на такви како мене наречени “родопредавници”. Беа се здобиле со големо искуство за разлика од мене кој со искуство на моите 19 години, ни сам не сум можел да претпоставам дека така ќе ме фатат.

Капетанот Митев ме прашуваше нешто, но јас не можев да ја сфатам, дури ни мислата на неговото прашање а само махинално одговорав со “да’ или “не”. Штом сфати дека не сум во состојба да одговорам на неговите прашања, капетанот му нареди на дежурниот старешина да ме слезе во визбата каде што внимателно бев пребаран и заклучен во една мрачна, тесна соба. Тука останав околу еден час, после што бев изведен, ми ставија лисици на рацете и ме внесоа во еден џип. По околу еден час, џипот влезе во еден широк двор, пред чија порта дежураше милиционер.

Претпоставував дека ме доведоа во Реонската управа на МВР во Благоевград.

Тука односно еден старешина ме пребара и ме поведе низ долгиот коридор на еднокатната зграда, од две страни на кој симетрично беа наредени дваесетина врати на растојание на две метри една од друга. Тој застана пред келијта број 4, отвори широко вратата и ми рече: “Влегувај”!

Јас го преминав прогот на вратата, после што старешината два пати го заврти клучот. Останав сам среде таа мрачна соба но чии дрвен под се наоѓаше душек покриен со едно излижано од долга употреба војничко ќебе, на чиј еден крај беше ставена перница со навлечена бела навлака.

Тука, година време не беше изминато од како бев откинал од контролата на Државната безбедност во 1956 година, а веќе одново се најдов под стража. Но, сега бев во нова еднокатна зграда, а не како во минатата година, во визба. И во оваа зграда не пробиваше ниту знак сончева светлина во собите. Тие беа осветлени деноноќно од електрична светлина, која дејствуваше убиствено врз нервниот систем. Но, тука во Државната безбедност треба да трпиш, да молчиш, и колку што е можно да избегнуваш конфликт со старешините и иследниците, ако сакаш да останеш здрав и жив.

А требаше многу да се размислува. Многу разговори без водел за тие три месеци со луѓето околу проблемите на Македонија.

Имаше навистина, многу нешто да се каже за минатото, сегашноста и иднината многустрадална мајка Македонија и за нашиот несреќен Македонски народ. Многу бев зборувал и многу бев чул од луѓето за Македонија. Сега бев останат сам со себеси и не ми остануваше ништо друго освен да си ги споменувам една поедна средбите со разните луѓе. Како на филмска лента, една по друга ми се јавуваа во сеќавањето различните сцени од тој нережиран анимиран филм, сцени кој сакав да ги заборавам, но не можев.

Веќе од искуство знаев дека колку повеќе времето ми минува во безгласност и самотија, толку повеќе сцени искрснуваат во мојта свест, и кусометражниот во почетокот анимиран филм, со времето го наголемуваше својот дијапазон во количествен и квалитетен однос и се претвораше во еден наполно завршен долгометражен филм. И луѓето со кој бев разговарал, и репликите што си ги разменувавме добиваа се појасен и поопределен вид.

Така, цел ден и цела ноќ размислував за сето видено и чуено, додека не бев одведен од дежурниот старешина во собата на капетанот.

Кога влеговме во собата, старешината побара одобрение да го напушти кабинетот и ние останавме сосема сами. Се гледавме немо еден со друг 30-40 секунди, секој зафатен со сопствените мисли, додека домаќинот не го наруши непријатното молчење со зборовите:

- Добро дошол, стари познанику! Повели, седни на оној стол – и показа на столот на кој седнав без волја.

- Благодарам – реков.

- Е време да го продолжиме разговорот што го започнавме во градот Сандански вчера – рече иследникот со поглед вперен дирекно во мојте очи.

- Што толку има да зборуваме? – прашав.

- О, има многу нешта за кои треба да зборуваш “мили” мој – рече тој.

- А, ако немам желба да зборувам за тие нешта? – запраша полушеговито, полусериозно.

- И да немаш желба, ние имама стредства и начин, а располагаме и со доста време за да те натераме да зборуваш. Од тебе се бара едно да разбереш – колку по отворено ќе зборуваш, колку по искрен ќе бидеш со нас толку по добро за тебе. Треба да разбереш уште – враќање назад нема и само во твој интерес е да ни раскажеш за се, од почеток до крај, со најмалите подробности за твојот живот после ослободувањето во месец Декември минатата година.

Иследникот зборуваше убедливо, пријателски, без да го повишува тонот, а јас само молчев.

- Е – рече најпосле капетанот – нема ли да почнеш?

- Што има толку да се зборува? – едноставно реков јас.

- Пак ли ќе почнуваме по минатогодишното сценарио? – праша зајадлино капетанот. – Не сваќаш ли освен да зборуваш, не ти останува ништо друго?

Јас пак упорно молчев загледан во посланиот Персиски килим, како да бев доведен тука за да го изучувам богатото мајсторско на творците на таа прекрасна човечка творба. Но, чувствував дека човекот спроти мене веќе ја губеше стрпливоста и покрај настојувањето да биде добар и стрплив.

Изминаа уште неколку минути во истата положба, додека капетанот не пламна и се нафрли со бес врз мене, вриштејќи хистерично.

- Идиот еден! Уште ли ќе ме зафркаваш, мајчето твое! – и ме фати за грлото со двете раце, удирајќи ми а главата од ѕидот зад мене.

Најпосле, по пет-шест удари на ѕидот му реков на мојот “пријател” соговорник:

- Што сакаш од мене?

- Раскажи нешто за твојот пријател Киката, кога те сретна прв пат и што ти рече да правиш?

- Е, тоа е нешто друго – реков победоносно, и покрај тоа што јас бев настраданиот во нашиот мал судар. Бидејќи бев задржан во град Сандански, јас не знаев ништо за уапсувањето на останатите членови од нашата револуционерна организација... Белам револуционерна, зашто тогаш предвидувавме и употреба на сила за разрешување на Македонското прашање. Мислевме дека ако ние ја почнеме борбата во Пиринска Македонија, нашите слободни браќа од Вардарска Македонија ќе ни притекнат на помош. Не допуштајќи дека таму, и покрај тоа што се чувствуваат и се признати како Македонци, доста од нив поминале многу години по затворите на СФР Југославија за ради тоа што сакаа да ги обединат трите дела од нашата распарчена татковина. Но, од каде да знае човек за тоа нешто, кога ги имаме овие граници, овие телени мрежи, толку будно чувани од Бугарските граничари!

Бугарија, од 1940 година до 10 Ноември 1989 година, представуваше еден голем затвор, еден голем концентрационен логор, во кој човек не можеше ниту збор да прозбори, зашто од тројца луѓе, двајцата беа доставувачи на Државната безбедност, кое го докажаа илјадите процеси и илјадиците затвореници и логораши, од кои некои го најдоа и своиот крај.

Верно служење на делото на Македонскиот народ, толку длабоко му бев поверувал.

Тука, во кабинетот на началникот на истраженото одделение, Никола Митев, јас пак размислував за зборовите изречени од него, и се мачев да определам кој е човекот што не предаде. Но, не ми беше допуштено повеќе да молчам и јас раскажував накусо за моите разговори со Бебо Кика. Јас зборував, а капетанот поставуваше прашање и штракаше монотоно со машината за пишување.

Најпосле, по околу еден час и половина распрашување, јас го прочитав записникот од околу три странице, после што ме натера да се потпишам на секој негов лист. Од како заврши моето прво распрашување, го повика дежурниот старешина кој ме врати назад во тесната келија.

Така започна моето второ патување во неизвесноста. Секој ден, ама скоро секој ден, дежурниот ме водеше кај иследникот, а некогаш и по два пати на ден. Прашања, прашања, илијадници. Ме прашуваше за ова, ме прашуваше за она, за трето, за четворто, и.т.н. и.т.н.

Доста нешто бев раскажал, но и многу нешта криев. Стигнавме до таму што на триесет и шестиот ден од моето затворање, иследникот ме принуди да ја потпишам следната изјава:

“Јас, долупотпишаниот Стојан Николов Георгиев, со својот потпис потврдувам дека со освен тоа што го кажав, нема ништо друго. Во спротивен случај молам да бидам најстрого казнет”.

Од како ја потпишав изјавата, капетанот ја зеде кај себе и почна да ја чита. Читаше победоносто, на висок глас, насмевнат до ушите. Завршувајќи го читањето тој почна хистерично да се смее:

- Што има толку смешно? – го прекина јадосано јас.

- Да не зажалиш за безобразноста. – рече раздразнето иследникот.

- Нема да жалам! – одговорив решително.

Во тој момент мојот соговорник ја тргна фиоката и тресна на бирото една папка со пристапници викајќи:

- На, читај и кажи кој е авторот?

Ги зедов пристапниците ва раце и уште кога погледав, го препознав својот сопствен ракопис. Гледав во нив, гледав и во иследникот кој вниматело ги следеше моите реакции. Гледав во пристапниците, гледав во соговорникот, и туку наеднаш започнав да се смеам и јас како што и тој се смееше пред една минута. Се смеев, а истовремено и солзи ми течеа по образите. До тој момент од мојот живот не бев попаднат во таква шок – состојба. Се смеев и истовремено плачев зашто сега веќе разбрав дека сум изигран, дознав кој бил вистинскиот предавник. Воопшто не претпоставував дека пристапиците пишувани од мене, кои ги бев скрил во отворот од оџакот на каминот, може да се наоѓа на располагање на иследникот. За тоа, каде ги бев скрил, знаеше само Борис Попов, многуфалениот “Македонец” од с. Вишлене, на кому јас, за голема жал, наполно му бев поверувал. Ете, таа моја наивност сега ме тераше истовремено да се смеам и да плачам. Кој не преживеал таков момент во својот живот, тешко може да си ја претстави мојата положба.

Минута - две потоа, иследникот рече:

- Е, што ќе речеш сега “мили” мој?

- Ништо! – реков јас.