Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

A Glorious Place Called Greece

ЈАЗИКОТ И ИДЕНТИТЕТОТ 1821

By Risto Stefov · Part 7 of 16 · About 4 minutes

Audio recordings are available to CMHS members. Sign in, or become a member to listen.

ЈАЗИКОТ И ИДЕНТИТЕТОТ 1821

Јазикот и идентитетот се тесно поврзани. Без јазикот нема идентитет, но и идентитет без јазик не го бидува за ништо. Затоа, борбата за јазикот е постојана и приоритетна. Како и во секоја нација, така и во грчката, јазикот изигра видна улога. Тој беше застапен прво во православието и трговијата а попосле, со организацијата на образовниот систем, одигра голема улога во обединувањето на расцепканите друштвени заедници во една нација. Со јазикот се ствара и заедничка култура, преку која се идентификува и нацијата. Исто така, јазикот придонесе и во просветеноста на револуционерните водачи, кои на крајот ја извојуваа и слободата и независноста. Ова го разбра и првиот председател на новата држава Јоанис Каподистријас уште за време на првата година од херојската војна кога, настојувајќи да ги постави темелите на државата, отвори универзитет и други училишта, кои изиграа важна улога во развојот на разурнатата Грција во тие времиња. Јазикот и образованието се едини елементи кои имаат моќ да ја обединат општествената заедница и створат Нација. Можи слободно да се речи, дека образованието беше почеток на силата на грчката држава. Грчките училишта беа вистинските победници.

Што го идентификува националното единство на едно општество? Секако неговата култура! А што би требало да ја идентификува културата како таква? Се разбира јазикот. Кога е сега и тоа постигнато, вратите на прогресот се ширум отворен. Сите кои учествуваат на било кои начин во образовниот систем, се Грци. Исто како Изократовиот концепт, кој е отворен, националистички концепт од 19 столетие, различен од оној од 20 столетие. Дури онај концепт од 19 столетие му одговарал на биолошкиот континуитет спрема Фолмерајеровата теорија, овај широко е отворен и убав. Типичен пример на таа убавина е и

прифаќањето на машкиот фустан, кој се носел на Балканот, и тоа само кај Албанците. (А што е со македонскиот фустан? Тој не постој кај Македонците зошто не се интегрирани во новата грчка нација? С.Г. )

И председателската гарда денес носи фустани и опинци со женски пуфки како дел од униформата базирана врз, како рековме погоре, на обичаите кај Албанците.

Во продолжение на разговорите и одење кон крајот на настаните со кои се покушава да се внесе нов и по цивилизиран дух во лажната грчка историја, учесниците од грчката страна продолжија со помирлив и по флексибилен јазик.

“Ние во оваа проблематика гледаме одвнатре да најдеме податоци кои дозволуваат флексибилност за компромиси. Сметаме дека е потребна флексибилност кај секоја нација, како би изнашла погодни начини за прилагодба во новиве околности. И можеби во тоа се крие и нашата совест која превладува денес во Грција, поминувајќи низ многу промени и прилагодби на својот пат низ времето. Нашето прилагодување постигна висок степен. Дури и Ромејте дозволија така и официјално да се викаат. И тоа не само децата на Грци и нивните потомци, туку и денешни Грци.” (А што е со Македонците? С. Г.)

Во оваа прилика вредно е да ги споменеме зборовите на поетот Гиоргос Сефарис изречени за време на доделувањето му Нобелова награда во Штокхолм во декември 1963 та година, кои гласат: “Јас не сакам да речам дека ние имаме иста крв со старите Грци, зошто мразам расистички теории. Ние живеиме на истата земја со нив и ги гледаме истите планини, кои завршуваат во истото море.”

“Од 1821 та година измина скоро едно и пол столетие. Две балкански воини и две светски воини од како ние, спрема зборовите на поетот Сефарис, го обновивме нашиот грчки идентитет на интернационално рамниште со современа дефиниција и ако има нешто со што треба да се гордееме, е следното: – Местото каде живееме, нашата историја, можноста

да одлучуваме за својата судбина толку, колку што можиме. И на крајот, ова не беше можно без 1821 та година и нашата Револуција, без борба, без идеи за нашата иднина и без нашите легенди. Како ја користиме слободата, зависи од нас. Но, мора да е од полза за нашиот патриотизам, за љубовта према местото во кое живееме, со почит спрема пролеаната крв на праведен или неправеден начин, и пред се’ , за препородот на нашата татковина, денешна, модерна Грција.”